24фудбал

Вардар им се врати на победите, Шкендија сигурна против Македонија ЃП

По три нерешени натпревари во низа, Вардар денеска се радуваше на три бода откако со 2-0 ја совлада Ренова, Шкендија беше сигурна против Македонија ЃП и славеше со 4-2.

Македонија

Во 29. коло од ПМФЛ, водечките две екпи на табелата стигнаа до победи. Вардар на домашен терен славеше поротив Ренова, а и Шкендија пред своите фанови триумфираше над Македонија ЃП.

По три нерешени натпревари во низа, избраниците на Всоски поладнево се радуваа на три бода. Најдовски го скрши отпорот на гостите во финишот од првото полувреме, а конечните 2-0 ги постави Жунињо во 50. минута од мечот.

Во Тетово, Шкендија на пауза замина со 3-0 и веќе тука беше јасно кој ќе ги освои трите бода. Гостите намалија по еден час игра, но потоа добија и црвен картон. Муслиу зголеми на 4-1, а Паду во последните мигови ги постави конечните 4-2.

Струмичкото дерби му припадна на тимот на Беласица, кој како гостин славеше со 0-2 против Академија Пандев. Шкупи со 0-3 славеше на гостувањето кај Победа, додека пак Силекс со 1-0 пред своите фанови го совлада Работнички.