24фудбал

Инзаги за потегот на Милинковиќ-Савиќ: Направи огромна, наивна грешка, а сите ја плативме сметката на крајот...

Шефот на стручниот штаб на Лацијалите не го криеше разочарувањето од наивниот потег на Србинот на мечот против Киево кој беше од големо значење за тимот од Рим, за истиот рече дека е наивен, а сметката на крајот ја платил целиот состав.

Италија

Киево е веќе во второлигашкото друштво на Италија, но тоа не беше проблем за таа екипа да приреди сензација на гостувањето кај Лацио, каде славеше со 1-2.

Големи проблеми му создаде вчерашниот пораз на Лацио, тимот од Рим доживеа кикс во битката за пласман во четирите екипи на табелата за место во Лигата на шампионите, а Симоне Инзаги не го криеше разочарувањето по однесувањето на своите фудбалери на теренот, откако најпрво Сергеј Милинковиќ-Савиќ доби црвен картон во 34. минута, а во самиот финиш предвреме во соблекувалната беше испратен и Луис Алберто.

Инзаги посебен акцент стави на грешката, според него огромна на Милинковиќ-Савиќ, кој при резултат 0-0 имаше потег кој веројатно многу влијаеше во играта на Лацијалите во продолжението од средбата.

Милинковиќ направи огромна, наивна грешка која го компротимираше мечот“ рече Инзаги.

Знаевме дека ќе биде исклучително тешко, многу потешко отколку што очекуваа многумина, сепак, без никакво сомневање тоа беше огромна грешка за која сите плативме на крајот, требаше да бидеме смирени, меѓутоа по таа негова грешка работите станаа многу комплицирани за нас“ додаде шефот на стручниот штаб на Лацијалите.