24фудбал

Марка пишува: Французинот планира нов систем, главни аспекти во промените кои ќе ги направи Зидан (ФОТО)

Подолг период се најавуваат големи промени кои Зидан несомнено ќе ги направи за идната сезона каде најави дека Кралевите ќе се вратат на победничките патеки, Марка ги издвои трите опции во поглед на 'планираниот' нов систем кој ќе го направи францускиот стратег.

Шпанија

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, во неговата втора ера на клупата на шпанскиот гигант, тој јасно стави дознаење дека ќе прави големи промени во составот за идната сезона.

„Промените ќе имаат влијание и на шемата исто така“ рече тој на вчерашната пресконференција за медиумите во пресрет на денешниот дуел со Атлетик Билбао на домашен терен во редовното коло од Примера.

Марка денес пишуваше на оваа тема и издвои три можни опции на Зидан, со кои францускиот стратег би направил промени во составот во однос на алтернативите кои му се на располагање.

ББЦ, или триото Бензема-Бејл-Роналдо веќе замина во историја по заминувањето на Роналдо од тимот, а ќе замине во историјата и по заминувањето на Бејл во летниот преоден рок, нешто што е сосема извесно дека ќе се случи.

Еден Азар, Пол Погба, Лука Јовиќ... Фудбалери кои ќе го дефинираат новиот систем

Реал Мадрид веќе ги доби Едер Милитао и Родриго за идната сезона, а најавите велат дека истото ќе се случи и со Азар, а Јовиќ би можел да пристигне на Сантијаго Бернабеу како партнер во нападот на Карим Бензема, освен Азар, опција е воедно и Погба.

Марка додава дека составот на Реал Мадрид ќе добие многу поголема брзина во играта во нападот, а истата игра ќе гарантира многу повеќе агресивна игра во тој дел од теренот, па еве ги трите опции кои Зидан се шпекулира дека сериозно ги разгледува...


Со оние кои ќе останат, односно оние кои ќе си заминат, или дојдат во редовите на Кралскиот клуб, Зидан ќе има можност да воведе нова шема во својот тим со бројни опции на маса.

Системот 4-3-3 ќе остане како алтернатива, во однос на тоа како шпанскиот гигант ќе помине во летниот преоден рок, можеби и нешто порано од тоа, а со евентуалното пристигнување на Азар и Погба, истите фудбалери сугестираат на тоа да креирањето шанси кон противничките голови да понудат четворица или петмина во средината на теренот на новиот изглед на составот на Реал Мадрид.