24фудбал

Рајо Ваљекано има посебно барање до Реал Мадрид во пресрет на нивниот меч во Примера

Рајо Ваљекано се уште има отворени шанси за опстанок во елитното друштво во Шпанија, но, распоредот за оваа екипа не е ветувачки, а тие прават максимални напори да се извлече најдоброто од тимот до крајот на актуелната сезона.

Шпанија

Идната недела Рајо Ваљекано на домашен терен ќе го пречека Реал Мадрид на Де Ваљекас во рамките на 34 коло во шпанската Примера, а овој меч е од големо значење за домашниот табор кој грчевито се бори за опстанок.

Сепак, Рајо Ваљекано теоретски, ќе игра без својата деветка Раул де Томас, напаѓачот кој инаку е на позајмица од Реал Мадрид, па една клаузула во договорот помеѓу обата клуба говори дека тој нема право на настап против клубот од каде доаѓа.

Шефот на стручниот штаб на Рајо Ваљекано, Пако Хемез потврди дека клубот ќе направи максимум за да го убеди Реал Мадрид да даде зелено светло за настап на Томас.

Колку и да посакуваме, неговата суспензија поради жолти картони не можеме да ја укинеме, тој ќе отсуствува против Севиља, но, правиме максимални напори за тој да биде во комбинација за следниот меч потоа“ рече тој.

Ќе се обидеме да ја менаџираме ситуацијата со Реал Мадрид за да видиме дали тој ќе биде во можност да ја заобиколи клаузулата, или до тоа нема да дојде, ако се случи да нема никаква промена во неговиот случај, ќе бараме други алтернативи“ додаде Хемес.