24фудбал

Неполни три часа по мечот со Фиорентина, Роналдо и Георгина се „преселија“ на Балканот (ФОТО)

Португалецот ќе одмори барем на кратко во едно луксузно здание во Дубровник, а дел од хрватските медиуми наведоа одредени детали од неговото пристигнување синоќа.

Италија

Јувентус со вчерашната победа над Фиорентина со 2-1 на домашен терен го осигура осмата титула во Серија А во низа, а првата ѕвезда на италијанскиот првак, Кристијано Роналдо само неколку часа по тој меч се упатил со приватен авион во Хрватска, поточно Дубровник.

„Дубровачки весник“ пишува дека Роналдо слетал во Дубровник синоќа околу 22,30 часот со приватен авион, а „24сата“ пишува дека тој наводно се наоѓа во вилата „Шехерезада“ каде едно ноќевање чини близу 7000 евра.

Неполни три часа по крајот на мечот против Фиорентина во 33 коло од Серија А, околу 22,30 часот, слета со приватниот авион во Дубровник. Нема никакви потврди засега, но, очекувањата се тука да биде за Велигден, можеби и некој ден повеќе, не повеќе од тоа поради следниот меч на Јувентус против Интер во Милано на 27 април“ пишува „Дубровачки весник“, а девојката на Роналдо, Георгина веќе сподели фотографија на социјалните мрежи за тоа каков поглед има од местото каде тие двајцата престојуваат...