24фудбал

Бензема се „растепка“, хет-трик на Французинот против Билбао (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со 3-0 против Атлетик Билбао, херој на натпреварот повторно беше Карим Бензема кој три пати се запиша во листата на стрелците.

Шпанија

Карим Бензема е во страшна голгетерска форма, Французинот попладнево забележа хет-трик против Атлетик Билбао и може да се пофали дека ги постигнат последните осум погодоци на Реал Мадрид.

По едно мирно прво полувреме, резултатот беше отворен на стартот од вторите 45 минути. Асенсио нафрли од левата страна а Бензема скокна на пет метри со глава ја затресе мрежата на гостите. 

Бензема зголеми на 2-0 во 76. минута. По еден корнер од десната страна, напаѓачот одново беше највисок во скокот и реализираше за зголемување на предноста.

Во последните мигови од мечот, Бензема искористи едно лошо излегување на гостинскиот голман, лобуваше од 30 метри за да ја затресе празната мрежа за хет-трик и 3-0.

Французинот сега има постигнато 21 погодок во Ла Лига и е на добар пат да ја забележи најдобрата сезона во дресот на Реал Мадрид.