24фудбал

Трпеливиот Ливерпул до рутинска победа, Арсенал извврши „самоубиство“ (ВИДЕО)

Ливерпул повторно е на чело на табелата откако со 0-2 славеше на гостувањето кај Кардиф, Арсенал киксираше дома и загуби од Кристал Палас со 2-3.

Англија

„Црвените“ одново имаат +2 на врвот, избраниците на Клоп одиграа трпеливо, зрело и на крајот рутински стигнаа до три бода на гостувањето кај Кардиф.

Вајналдум го отвори резултатот на стартот од вториот дел откако закачи еден полуволеј, а конечните 0-2 беа дело на Милнер од белата точка во финишот од мечот.


За разлика од Ливерпул, Арсенал изврши „самоубиство“ и загуби на домашен терен од Кристал Палас. Емери се реши за неколку промени во тимот, па одбраната киксна во 17. минута и го остави Бентеке осамен кој погоди за 0-1.

Озил ги врати „топчиите“ во игра на стартот од вториот дел, домаќините потоа притисна за водство но примија два гола за краток период. Заха погоди за 1-2  во 61. минута, а Мекартур најдобро се снајде по еден прекин за 1-3 во 69. минута.

Обамејанг успеа само да намали на 2-3 во 77. минута. Со поразот, Арсенал пропушти да скокне на третата позиција на табелата и да направи значаен исчекор кон место во Лигата на шампионите.