24фудбал

Сè за да се сопре Ливерпул, Вајналудм и Клоп открија какви финти правел Кардиф за денешниот меч

Кардиф грчевито се бори за опстанок па на секој можен начин се обиде да го сопре денеска Ливерпул, Џиџи Вајналдум и Јирген Клоп открија дека домаќините намерно не го наводениле теренот и го оставиле да биде сув.

Англија

„Црвените“ немаат право на кикс до крајот на сезоната доколку сакаат да се надеваат на титула во Премиерлигата и Ливерпул денеска покажа дека е подготвен да ги надмине сите пречки.

Кардиф реши да им ја отежни задачата со тоа што не го наводени теренот, а топлото време и сонцето дополнително ги отежна условите за игра. Сепак, гостите беа трпеливи и на крајот славеа со 0-2.

„Беше навистина тешко“- изјави стрелецот на првиот гол, Џиџи Вајндалдум. „Не го наводенаа теренот. Во второто полувреме мислам дека го контролиравме натпреварот. Полесно е кога теренот е влажен. Мојот гол е воиграна акција, во првото полувреме им кажав на Хендо и Трент што треба да направиме“.

Тренерот Јирген Клоп бил подготвен за вакви услови па синоќа во Мелвуд тренирале на сув терен.

„На многу сув терен, против тим кој се брани длабоко, не е убаво да се игра. Одлично се справивме со прекините и нафрлените топки, креиравме шанси и потоа постигнавме гол. Знавеме дека мораме да бидеме трпеливи и дека ќе биде многу тешко да се игра фудбал со додавања на ваков терен. Синоќа, не ја косевме тревата во нашиот тренинг центар ниту пак го наводенивме теренот. Трениравме час и 10 минити на сув терен и тоа многу ни помогна. Заслужено стигнавме до три бода денеска. Сега имаме 88 бодови, тоа е навистина специјално. Имаме моментум, навистина сум горд на овие момци“.