24фудбал

Клоп ги пецна Солскјер и Манчестер јунајтед за исходот на дербито со Сити: Колку беше денес? 3-0, 4-0?

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп испрати провокација до лутиот ривал во пресрет на големото дерби на „Олд Трафорд“ сугерира дека Манчестер јунајтед не може до поволен резултат.

Англија

„Црвените“ мораат да чекаат кикс од Манчестер Сити за да имаат шанса за титулата и таква прилика ќе имаат во среда, кога „граѓаните“ гостуваат кај Манчестер јунајтед. Па Јирген Клоп беше запрашан дали ќе го гледа дербито на „Олд Трафорд“.

„Доколку немам што друго да правам, мислам дека ќе го гледам натпреварот. Се надевам дека нема нервозно да се дерам пред телевизорот бидејќи не можам да влијаам на никаков начин“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Исто така, ми се чини дека Манчестер јунајтед не може да стори... каков беше резултатот денеска? 3-0, 4-0? Ќе видиме. Сити ќе биде подготвен, а треба да видиме дали и Манчестер јунајтед ќе биде подготвен“.

„Ние одигравме нерешено таму, но не можеме да имаме влијание врз овој натпревар. Ќе се фокусираме само на работите врз кои имаме контрола“.