24фудбал

Мбапе изедначи рекорд стар 29 години па испрати порака до Зидан и Реал Мадрид (ВИДЕО)

Килијан Мбапе блескаше вечерва со хет-трик против Монако и стана првиот Французин по Жан Пјер Папин кој постигнал 30 погодоци во една сезона во Лиг 1.

Франција

„Светците“ денеска станаа шампиони на Франција уште пред да истрчаат на теренотот откако Лил одигра нерешено.

Па избраниците на Тухел, без никаков товар одиграа одлична партија против Монако во која блескаше младиот Килијан Мбапе.

Тинејџерот забележа хет-трик и изедначи рекорд стар 29 години. Тој е првиот Французин по Жан Пјер Папин (во сезоната 1989-90) кој постигнал 30 погодоци во една сезона во Лиг 1.

Килијан Мбапе, кој се најавува како новиот „галактико“ на Флорентино Перез и Реал Мадрид, по крајот на натпреварот испрати порака за својата иднина и порача дека останува во Париз.

„Сигуен сум дека ќе останам, верен сум и посветен на проектот на ПСЖ. Добро е за Реал Мадрид што Зинедн Зидан се врати. Ќе ги гледам нивните натпревари како обожавател“ – рече напаѓачот.