24фудбал

Милнер „извади“ бастун за прославата на голот и објасни што се крие зад ваквиот потег (ВИДЕО)

Џејмс Милнер ја запечати победата на гостувањето кај Кардиф со удар од белата точка, Англичанецот потоа имаше интересна прослава која била наменета за Вирџил ван Дајк.

Англија

„Црвените“ попладнево со 0-2 триумфираа против Кардиф и се вратија на чело на табелата. Вајналдум го отвори резултатот, а на десет минути пред крајот, дилемите ги реши Џејмс Милнер.

Англичанецот ја зеде топката од Мо Салах и прецизно биеше од белата точка. Џејмс Милнер потоа имаше интересна прослава, глумеше дека има болки во грбот и дека му треба бастун за да оди.

Фудбалерот, чиј Твитер профил го носи името „Здодевниот Милнер“, објасни зошто се решил на еден ваков чекор и потегот бил порака до Вирџил ван Дајк.

„Вирџил често ме задева дека сум старрец, па прославата беше наменета за него“ – кратко порача Милнер.