24фудбал

Еден Азар си оди, но друг Азар доаѓа во Премиерлигата!?

Еден Азар најверојатно ќе го напушти Челси во летниот преоден рок и ќе потпише за Реал Мадрид, но реални се шансите презимето „Азар“ и во следната сезона да биде актуелно во Премиерлигата.

Англија

Еден Азар може да ја напушти Премиерлигата, но се шпекулира дека постојат реални шанси во Англија да пристигне неговиот брат, Торган Азар.

Тој игра импресивно во дресот на Борусија Менхенгладбах оваа сезона и е мета на неколку големи клубови.

„Сан“ пишува дека сериозен е интересот од Ливерпул и Арсенал кој ќе влезат во битка за 26-годишниот фудбалер, иако се пишуваше дека тој е пред трансфер во Борусија Дортмунд.

Унаи Емери е голем фан на Азар и сака да го донесе во Лондон престојното лето. Тој потпиша со Денис Суарез од Барселона во јануари, но ќе го врати кога ќе му истече позајмицата.


И Јирген Клоп сака да ги зголеми опциите во офанзивниот ред, па и на неговиот список со желби се наоѓа Торган Азар.

Спортскиот директор на Менхенгладбах, Макс Ербел на почетокот на овој месец потврди дека нема да можат да го задржат Азар: „Ние сакаме да го продолжиме договорот на Торган, но тој нема ист интерес како и ние“.