24фудбал

Статистиката која покажува зошто Челси не треба да го задржи Игуаин, Аргентинецот е очаен во секој сегмент (ФОТО)

Игуаин игра на позајмица во Челси до крајот на сезоната со опција да биде целосно откупен, но Аргентинецот е под секое ниво, па англискиот клуб тешко дека ќе одлучи да потпише перманентен договор со него.

Англија

Откако дојде во јануари во Челси, Игуаин има постигнато само три голови. Тој вели дека е среќен во Челси, но клубот се чини дека не е среќен со неговите настапи.

„Среќен сум тука. Секогаш е убаво да пробаш нова лига, ова е мое прво вкусување на Премиерлигата. Мојата намера е да останам тука. Ова е период во кој се адаптирам, но се надевам дека ќе трае кратко и добро ќе ја завршам сезоната“, вели Игуаин.

„Скај Спортс“ ја извади статистиката на Игуаин која е очајна во многу сегменти и покажува дека тој е полош и од Алваро Мората.

Потребни минути за еден гол:


Под водство на Сари, Игуаин ги решеташе противниците во дресот на Наполи, но во Челси му се потребни во просек 254 минути за да даде гол.

Просечен број на спринтови во текот на 90 минути:


Не само што не дава голови, Игуаин изгледа како и воопшто да не се труди да го прави тоа. Неговиот просек на спринтови е само 7,4. Тоа е двојно помалку од неговиот претходник, Алваро Мората, а Оливие Жиру кој се чини дека неправедно е на клупата има пет спринта повеќе во просекот.

Просечен број на креирани шанси во текот на 90 минути:


Не само што не дава голови, Игуаин не ни креира можности за своите соиграчи. Неговата статистика е очајна и во овој сегмент.

Просечен број на истрчани километри за 90 минути:


Нема многу спринтови, но нема ни голема дистанца, Игуаин не трча ни двоцифрен број на километри на натпреварите.