24фудбал

Интер го продава Икарди и носи негова замена од Премиерлигата?

Според „Туромеркато“, Интер одлучил да го продаде Маури Икарди во летниот преоден рок и да донесе нов напаѓач.

Италија

Икарди имаше проблематична сезона во Интер по која многу веројатно ќе го напушти клубот, ќе биде продаден, а според италијанските медиуми клубот ќе го замени со Ромелу Лукаку.

Интер смета дека Лукаку има години и потенцијал да биде новата деветка на тимот.

Јунајтед за него плати 85 милиони евра, но 25-годишниот Лукаку сега се проценува на околу 50 милиони евра по двете сезони кои ги одигра под својата цена.

Но има и еден проблем во целата ситуација, знаејќи дека ќе има интерес и од други купувачи Манчестер јунајтед може да одбие да преговара со Интер поради тоа што не го доби Иван Перишиќ минатото лето.