24фудбал

Кутињо не кажа кој ќе биде негов следен клуб, но откри со кој сака да игра

Многу е извесно дека Филипе Кутињо ова лето ќе си замине од Барселона, не само поради лошата форма туку и поради провокацијата упатена до навивачите на Блауграна.

Шпанија

Филипе Кутињо дојде како многу скапо засилување во Барселона, но не ги оправда очекувањата, ниту на навивачите ниту на раководството.

Му даде гол на Манчестер јунајтед и го прослави кон трибините од Камп Ноу затнувајќи си ги ушите. Иако тој тврди дека не се работи за провокација, фановите не мислат така и му упатија свирежи на последниот меч на Барса.

Во изјава за „Калчомеркато“, Кутињо не кажува каде би сакал да игра, туку вели дека би сакал да игра со Нејмар, а тоа некои го протолкуваа како флерт со ПСЖ.

„Секогаш е задоволство играњето со Нејмар. Сме играле многу пати заедно во младите категории на Бразил. Тој е посебен фудбалер“, вели Кутињо.

„Играњето од негова страна е задоволство, иако не сум имал среќа досега да играм со него во клуб. Ќе биде убаво да можам да играм со него во ист клуб“.