24фудбал

Роналдо му помага на Јувентус да донесат едно големо засилување

Сезоната за Јувентус практично заврши, останува уште само да се доиграат мечевите од Серија А кои немаат резултатско значење, па раководството веќе мисли за преодниот рок.

Италија

Според португалскиот весник „А Бола“, Кристијано Роналдо може да биде клучен за ангажман на младата ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс.

Феликс претходно изјави дека посакува да игра заедно со својот идол и сонародник, Кристијано Роналдо, а тоа може да се случи во Јувентус.

Според медиумите, Роналдо му помага на Јувентус да го донесат Феликс во своите редови, но мисијата нема да биде лесна од причина што цената на фудбалерот е многу висока.

Откупната клаузула на Жоао Феликс е 120 милиони евра и Бенфика нема намера да го продаде под таа цена бидејќи има клубови кои се подготвени да платат. Таков е Манчестер Сити кој исто така се интересира за младиот фудбалер.


Кристијано Роналдо и Жоао Феликс имаат ист агент, Жорж Мендеш, па ѕвездата на Јувентус ќе се обиде да влијае и преку него.

Голема е шансата Феликс да го одбере Јувентус поради Роналдо, но италијанскиот шампион ќе мора да плати 120 милиони евра доколку други клубови ја нудат таа сума.