24фудбал

Хамес Родригез понижен, луѓето од Баерн не го препознале па не му дозволиле да влезе на стадионот!

Медиумите од Германија пренесуваат за непријатно искуство на Хамес Родригез изминатиов викенд, Колумбиецот не бил препознаен од редарите па во прв момент не му бил дозволен влез во ВИП делот на Алианц Арена.

Германија

Хамес Родригез не беше во комбинација за дуелот со Вердер во саботата откако на последниот тренинг заработи ситна повреда. Плејмејкерот сепак решил да им даде поддршка на своите соиграчи од трибините и со пријатели отишол да го гледа мечот.

Но Колумбиецот имал непријатно искуство и не бил препознаен од луѓето кои работат во Баерн. Новинарот на Спорт 1, Штефан Кумбергер на Твитер напиша дека Хамес Родригез бил запрен кога се обидел да се качи во ливтот кој оди до ВИП делот на Алианц Арена и му било кажано да почека надвор.

„Но јас сум фудбалер на Баерн“ – објаснувал Хамес Родригез.

За среќа брзо пришол уште еден член од персоналот кој го препознал играчот и го пуштил.

Сестрата на Хамес Родригез експресно се огласи на социјалните мрежи, ги демантираше вавките написи, и обвини дека ова е „фејк њуз“ измислена од Штефан Кумбергер и споделена од новинарот на Фокс, Езекиел Дарај.