24фудбал

„Само затоа што јас немам играно во Шпанија“ - Балотели во свој стил го искоментира новиот рекорд на Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо изминатиов викенд стана првиот фудбалер кој може да се пофали со титули во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А, но Марио Балотели не е премногу импресиониран од ова постигнување.

Италија

ЦР7 испиша нова страна во историјата откако со Јувентус се радуваше на Скудето во саботата. Португалецот стана првиот играч кој стигнал до титула во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А.

Но Марио Балоели не е премногу импресиониран од ова постигнување и во свој стил го искоментира новиот рекорд.

Инстаграм страната 433 објави пост кој гласеше: „Кристијано Роналдо е првиот играч во историјата кој триумфирал во првенствата на Англија, Шпанија и Италија“.

Во низата коментари се најде и оној на „Супер Марио“, кој напиша: „Само затоа што јас никогаш немам играно во Шпанија“.

Проблематичниот Италијанец има титула во Серија А во дресот на Интер, а ја освои и Премиерлигата со Манчестер Сити.