24фудбал

Тутоспорт: Јувентус подготвува ѕвезден трансфер пазар, ова е листата со сите желби!

Според пишувањата на Тутоспорт, летоска ќе се случуваат големи работи во Торино, Јувентус се подготвува за ѕвезден трансфер пазар.

Италија

„Старата дама“ и оваа сезона доминираше во Серија А, но потфрли во Лигата на шампионите, каде беше елиминирана уште во четвртфиналето од Ајакс.

Триумфот во најелитното европско натпреварување останува сонот на Андреа Ањели, па следната година ќе има нов атак. За оваа цел, Јувентус ќе донесе неколку засилувања во летниот преоден рок.

Денешното издание на Тутоспорт најави ѕвезден трансфер пазар и откри кои сè имиња се наоѓаат на листата со желби.

Во бележникот на спортскиот директор Фабио Паратичи се: Федерико Киеза (Фиорентина), Пол Погба (Манчестер јунајтед), Иско (Реал Мадрид), Николо Заниоло (Рома), Танги Ндомбеле (Лион), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Лацио), Рубен Диас (Бенфика), Матијс Де Лихт (Ајакс), Жоао Феликс (Бенфика), Рафаел Варан (Реал Мадрид), Костас Манолас (Рома) и Стефан Савиќ (Атлетико Мадрид).

Весникот сепак не открива повеќе детали, за тоа со колкав буџет ќе располага Јувентус, кои позиции се приоритет или пак колку вкупно нови имиња ќе пристигнат.