24фудбал

Зидан категоричен: Бензема е најдобрата „деветка“ во моментов

Францускиот фудбалски стратег вели дека напаѓачот игра подобро од било кога, а тој нема никакви дилеми во тоа дека Бензема е најдобрата 'деветка' во моментов, не е изненаден од неговите перформанси изминатиов период.

Шпанија

Зинедин Зидан упати пофалби за формата на Карим Бензема, откако напаѓачот на Кралевите постигна хет-трик во победата над Атлетик Билбао со 3-0 на Сантијаго Бернабеу.

30 годишниот напаѓач оваа сезона во Примера досега постигна 21 гол, а по враќањето на Зидан на клупата на шпанскиот гигант, францускиот напаѓач е непрепознатлив со својата одлична форма.

Тој игра подобро од било кога, откако се вратив во овој клуб“ рече Зидан за својот сонародник.

Според мене, со осум гола во серија, тој е најдобрата деветка во овој момент, како и да е, воопшто не сум изненаден од неговите перформанси, бидејќи знам со каков капацитет располага“ заклучи шефот на стручниот штаб на Кралевите.