24фудбал

Ултрасите на Интер: Сте виделе фудбалер кој лажира повреди, одбива да игра, а се враќа во тимот преку адвокати?!

Курва Норд не ја подгазува својата чест и достоинство, упати нови напади на адреса на Аргентинецот за кого извесно е дека повеќе нема иднина во клубот, Интер во периодот без својот напаѓач покажа одлични перформанси и докажа дека може без него, а Ултрасите на Нероаѕурите не му простуваат за неговиот потег.

Италија

Ултрасите на Интер со ново соопштение повторно го нападнаа Мауро Икарди, кого го нарекоа мал човек, а во соопштението прашуваат дали некој видел во било која лига, фудбалер од некоја екипа да лажира повреда, да одбива настап за клубот, а притоа да имаат насмевка на своите лица по порази на својот тим, меѓу другото, да се враќа во тимот со адвокати.

Малиот човек кој го носи дресот со број „9“ не го заслужува Интер, бидејќи тој не покажа ниту минимален професионализам, најмалку интегритет кој секој вработен во клубот треба да го покаже, не покажа ни најмалку почит кон тој дрес и навивачите кои веруваа во него“ пишува во соопштението на Курва Норд.

Главното прашање кое постојано си го поставуваме себе си, е тоа дали некогаш сте виделе фудбалери во останатите лиги кои лажираат повреди, одбиваат да настапат за клубот, со насмевка на порази, не се на располагање со месеци, а се враќаат во тимот преку адвокати?“ запрашаа од Курва Норд.

Интер одреден период оваа сезона беше без својот напаѓач кој откако на 13 февруари му беше одземена капитентската лента одбиваше да биде на располагање на клубот, притоа жалејќи се на повреда, иако лекарскиот тим по извршените прегледи над него демантираше дека има проблем од таков тип.

Икарди се врати во тимот на Интер и повторно се стави на располагање на Спалети, но, во „преговорите“ со клубот неговите адвокати постојано на разговорите помеѓу обете страни бараа причина за тоа зошто му била одземена капитентската лента, а во Италија се шпекулираше дека тој побарал за возврат да се врати „чист“ во тимот, алудирајќи на тоа клубот да се погрижи да нема негативни коментари по него.