24фудбал

Ван Дајк: Манчестер јунајтед треба да си направи услуга

Холанѓанецот смета дека Црвените ѓаволи најпрво треба себе да си направат услуга, коментирајќи го нивниот пораз кај Евертон со 4-0, тој истакна дека Карамелите не се лесен залак за било која екипа.

Англија

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк смета дека Манчестер јунајтед треба да си направи услуга во дерби пресметката против градскиот ривал Манчестер Сити во Премиерлигата.

Тимот на Јирген Клоп секако ќе мора да навива за Црвените ѓаволи кои се борат за место во топ четирите екипи, а со тоа и пласман во Лигата на шампионите за идната сезона, а изненадување на тимот од Олд Трафорд на мечот во среда, ќе значи и голем чекор за Ливерпул во битката за титулата во најсилниот англиски фудбалски шампионат.

Тие треба да си направат услуга, Евертон не е лесен противник, посебно не за да се победи на негов терен, но, 4-0 е голем резултат, немаме влијание на тоа, но, тие се уште се во игра за Лигата на шампионите, ќе им биде потребен резултат“ рече дефанзивецот.

Ливерпул во моментов има два бода предност во однос на второпласираниот Сити на табелата во Премиерлигата, но, Граѓаните притоа имаат и меч помалку, ќе се израмнат по мечот во среда.