24фудбал

Врие во Лацио, Инзаги им се „истурил“ на фудбалерите по шокантниот пораз од Киево

Стратегот од клупата на тимот од Рим бурно реагирал кон своите фудбалери на вчерашниот тренинг по сосема неочекуваниот кикс против екипата која немаше ама баш никакви амбиции во саботата, а стигна до сиот плен од дуелот на Олимпико.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека шефот на стручниот штаб на Лацијалите, Симоне Инзаги имал доста бурни реакции кон своите избраници на вчерашниот тренинг.

Сево ова доаѓа по шокантниот пораз на домашен терен од веќе испаднатиот од Серија А, Киево, со 1-2 сред Рим, а вчерашниот тренинг на екипата бил доста тензичен.

Ил Кориере посочи дека Инзаги во текот на тренингот дури и ги запрашал своите фудбалери за тоа каков вирус владее во тимот изминатиов период, откако во последните пет меча во најсилниот италијански шампионат Лацијалите стигнаа само до една победа во битката за место во топ четирите екипи на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите за идната сезона.

Инзаги за потегот на Милинковиќ-Савиќ: Направи огромна, наивна грешка, а сите ја плативме сметката на крајот...

Една од дилемите на Инзаги било и секако големиот пад во играта на неговиот тим откако остана најнапред со еден играч помалку (Сергеј Милинковиќ-Савиќ), а во финишот и со уште еден (Луис Алберто), на ова прашање бурно реагирал Инзаги, а сигурно дека и обајцата фудбалери биле на тапет кај него во таа ситуација, посебно Милинковиќ-Савиќ кој веќе јавно доби критики од својот тренер.

Во моментов, Лацио со 52 бода заостанува четири бода зад четвртопласираниот Милан на пет кола до крајот на шампионатот, а битката помеѓу овие екипи, како и Рома, Аталанта и Торино се чини дека допрва ќе биде интересна, а сигурно ќе трае до последното коло.