24фудбал

„Некои фудбалери страдаат покрај Роналдо, Дибала е еден од нив“

Тардели смета дека Роналдо можел многу повеќе од тоа што го прикажал против Ајакс во елиминацијата на Старата дама, потенцираше дека Португалецот можеби играл повеќе од потребното оваа сезона за италијанскиот првак.

Италија

Легендата на Јувентус, Марко Тардели констатираше дека додека Кристијано Роналдо е важен за креирањето на победнички менталитет кај Бјанконерите, истовремено некои фудбалери од тој состав имаат негативен аспект од сето тоа.

Фудбалер кој страда покрај Роналдо во тој тим е Пауло Дибала, смета Тардели кој во изјава за Раи Спорт посочи дека Дибала е една од најголемите жртви во моментов во составот на италијанскиот првак.

Јувентус мора да поработи на менаџирањето со составот, Кристијано Роналдо можеби играше повеќе од потребното оваа година, но, тој е фудбалерот кој го истакнува тимот, против Ајакс тој можеше многу повеќе“ рече Тардели алудирајќи на елиминацијата на Старата дама во четвртфиналето од Лигата на шампионите од Ајакс, за што смета дека Португалецот можел многу повеќе од неговото издание.

Мислам дека некои фудбалери во тимот даваат многу помалку од тоа што го можат на теренот покрај Роналдо, тие страдаат покрај него несвесно, Дибала е еден од таквите“ заклучи Тардели.