24фудбал

(ВИДЕО) Инцидент на Стемфорд Бриџ, Ридигер рипна да се тепа со членови на Барнли и направи мешаница пред тунелот

Челси тешко се помири со ремито против Барнли, Антонио Ридигер иако не играше поради повреда имаше нешто да им каже на госите па по последниот свиреж рипна да се тепа.

Англија

„Сините“ пропуштија златна шанса да се искачат на третата позиција откако изминатио викенд сите конкуренти за топ четири пласман (Тотнем, Арсенал и Манчестер јунајтед) загубија, а тие вечерва одиграа само 2-2 против Барнли.

Гостите во финишот се бранеа со сите играчи, Челси немоќно се обидуваше да дојде до гол и победа, па фрустрациите испливаа во завршните мигови. Најпрво Ковачиќ влезе во расправија со гостите по која Сари беше испратен во соблекувална, а по последниот свиреж Ридигер рипна да се тепа.

Дефанзивецот, кој не играше поради повреда, имаше замерки за член на персоналот на Барнли па креираше голема мешаница пред тунелот.