24фудбал

Погба откри што им кажал Солскјер во соблекувалната по срамниот пораз од Евертон

Манчестер јунајтед игра лошо во последниот период, а таквите перформанси кулминираа на Гудисон Парк каде загубија со 4-0.

Англија

Навивачите се бесни, кога најмногу треба фудбалерите на Манчестер јунајтед играат најлошо, ја губат битката за позициите кои носат во Лигата на шампионите.

Погба вели дека можат да им се извинат на навивачите само со резултати на теренот, а следниот меч е на Олд Трафорд против градскиот ривал Манчестер Сити.

„Тоа што се случи не е добро за Манчестер јунајтед, за приказната за клубот, за фановите. Не е добро тоа што го направивме. Да загубите натпревар е навистина лошо, но кога се борите за топ четири и да загубите со 4-0...“, вели Погба.

„Не покажавме непочитување кон мечот, кон Евертон, но начинот на кој одигравме, на кој одиграв јас, тимот, сите, беше непочитувачки. Не се почитувавме себе си, клубот или фановите“.

„Понекогаш се обидувате да дадете се од себе, а излегува ништо. Продолжувате да се обидувате, можеби губите некои топки кои не треба да се губат, губите некои дуели кои обично ги добивате, и креирате шанси од кои обично двате голови, но промашувате“.

„Се оди наопаку, но најважна работа е менталитетот кој го оставаме на теренот, тоа мора да го промениме. Сега тоа е минато и не смееме да останеме во минатото бидејќи тоа е главоболка. Мора да мислиме на следниот меч и да бидеме подобри“.

„Во соблекувалната го оставивме тренерот да зборува, стручниот штаб да зборува и тие ја кажуваа вистината. Рекоа дека тоа што сме го направиле на мечот е непочитување кон себеси“.

„Тоа беше непочитување кон нашите соиграчи, кон стручниот штаб, кон луѓето, кон економот, кон сите. За нивната работа, нивните животи кои зависат од нас, тимот и клубот. Затоа сме лути на себеси. Сакаме да одиграме подобро и мораме. Мора да има реакција“.

„Единствениот начин да им се извиниме на фановите е да имаме реакција на теренот, да дадеме се од себе, да креираме шанси, да постигнуваме голови, да се браниме, да работиме за тимот, дури и да загубиме натпревари, но тоа да биде со добри перформанси и гордост на теренот'.

„Така треба да им се извиниме на фановите, да дадеме се од себе за нас, за клубот, за дресот, за соиграчите бидејќи ние сме тие кои сме на теренот и не смееме да играме како што игравме“.