24фудбал

Мендеш ќе направи еден куп пари, Жоао Феликс со голазо по само три минути го крена Луж на нозе (ВИДЕО)

Жоао Феликс е еден од најбараните играчи во Европа, тинејџерот на Бенфика вечерва уште еднаш импресионираше со два гола во победата од 6-0 над Маритимо.

Останато

Гигантите ширум Европа од поодамна му имаат фрлено око на Жоао Феликс и се чини само прашање на време е кога тој ќе направи богат трансфер.

Кристијано Роналдо дал зелесно светло за лидерите на Јувентус да го донесат тинејџерот, но „Старата дама“ ќе има силна конкуренција во гигантите од Премиерлигата, особено Манчестер Сити, кој на инсистирање на Пеп Гвардиола е подготвен да плати фантастични 120 милиони евра.

19 годишниот Жоао Феликс вечерва уште еднаш импресионираше со два гола и покажа зошто е еден од најбараните играчи во Европа. Тој по само три минути игра го крена „Луж“ на нозе со „голазо“. Од корнер доби топка по земја, од прва биеше под пречката и не му даде шанса на голманот да интервенира.