24фудбал

„Дајте ни го Модриќ и 50 милиони евра“ – Флорентино Перез и Реал шокирани од барањата на Тотнем за услугите на Ериксен

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез останал шокиран кога во преговорите со Тотнем за ангажман на Кристијан Ериксен му биле побарани 50 милиони евра и услугите на Лука Модриќ.

Шпанија

Данецот е една од желбите на Зинедин Зидан за засилување на „кралевите“ па Флорентино Перез остварил контакт со своите колеги од Тотнем за да постави темели за реализирање на зделката.

Сепак, првиот човек на Реал бил прилично шокиран од одговорот кој го добил од „Спарси“.

„Дајте ни го Модриќ и 50 милиони евра“ – била пораката која Тотнем ја испратил до Флорентино Перез. Диарио гол вели дека претседателот на Реал смета дека ова е лудост со оглед на тоа дека Хрватот е моменталната „Златна топка“ и ги освои сите индивидуални награди за 2018, додека пак Кристијан Ериксен е само ѕвезда во Премиерлигата, на кого договорот му истекува во јуни 2020.