24фудбал

На Милнер не му е лесно: Прв пат во животот ќе навивам за Манчестер јунајтед!

33 годишниот Џејмс Милнер во своја кариера настапуваше за три лути ривали на Манчестер јунајтед, но утре и тој ќе навива за „ѓаволите“ и ќе чека услуга.

Англија

Ливерпул е во битка со Манчестер Сити за титулата, но за „црвените“ да имаат шанса, мораат да чекаат кикс на „граѓаните“. Се чини дека утре им е најголемата прилика за тоа, на Олд Трафорд се игра големото градско дерби.

Па поради ова, дури и Џејмс Милнер ќе навива за Манчестер јунајтед. 33 годишниот фудбалер во своја кариера настапуваше за три лути ривали на „ѓаволите“, односно Лидс, Манчестер Сити и сега Ливерпул.

„За прв пат во животот ќе навивам за Манчестер јунајтед“ – вели Англичанецот. „Но нема да го гледам натпреварот. Џабе ќе губам енергија“.

„Веројатно ќе го исклучам телефонот на неколку часа и потоа ќе проверам што се случило. Немам идеа што ќе правам, можеби ќе одам на вечера“.