24фудбал

Погба им кажал на соиграчите дека заминува од Манчестер јунајтед, им октрил и каде ќе се пресели

Според пишувањата на Л’Екип, Пол Погба на блиските соиграчи од соблекувалната на Олд Трафорд им открил деказаминува по крајот на сезоната, и нагласил дека желба му е да се пресели во Реал Мадрид.

Англија

Французинот во неколку наврати се поврзуваше со враќање во Јувентус, минатото лето се пишуваше за можен трансфер во Барселона, но откако Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид, Пол Погба експресно беше посочен како една од желбите на Зизу за реконструкција на тимот на „кралевите“.

Самиот фудбалер призна дека сонува за настап на „Бернабеу“ и под водство на неговиот сонародник, а стратегот упати многу пофални зборови на адреса на играчот и му порача дека вратите на Реал се отворени доколку посака нова авантура.

Според пишувањата на Л’Екип, Пол Погба на блиските соиграчи од Олд Трафорд веќе им се доворел дека има намера да замине по крајот на сезоната и нагласил дека желба му е да се пресели во Мадрид.

Тој е разочаран од немоќноста на „ѓаволите“ да се борат за големи трофеи, и верува дека со Реал и Зидан ќе има далеку поголеми шанси за успех во Лигата на шампионите.

Од таборот на Манчестер јунајтед претходно порачаа дека немаат намера да се разделат со Пол Погба, а Оле Гунар Солскјер истакна дека планира да го гради тимот околу Французинот. Останува да се види дали „ѓаволите“ ќе сакаат да држат фудбалер кој не е среќен и во мислите има друг клуб.