24фудбал

Манчестер јунајтед ја идентификуваше замената за Де Хеа, но скапо ќе ги чини

Неколку медиуми од Англија пишуваат дека Манчестер јунајтед го идентификувал голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак како прва цел во случај Давид Де Хеа да замине.

Англија

Давид де Хеа е обврзан кон „ѓаволите“ до 2020 и нема никаков абер за нов договор, двете страни во моментов не се на иста бранова должина.

Шпанецот бара неделни примања од околу 400.000 фунти и да биде еден од најплатените на Олд Трафорд, а сака да види и што ќе се случи летоска и какви засилувања ќе пристигнат пред да се обврзе на нов долгогодишен договор.

Неуспех да се обезбеди настап во Лигата на шампионите исто така може да влијае врз одлуката на голманот, па Манчестер јунајтед разгледува и други опции.

Неколку извори од „островото“ пренесуваат дека Јан Облак од Атлетико Мадрид е идентификуван како прва цел во случај Давид де Хеа да замине.

Словенецот од поодамна е на радарот на  „ѓаволите“ и Манчестер јунајтед ќе треба да искешира рекордна сума за да го ангажира. Тој неодамна стави потпис на нов договор со Атлетико, во кој има откупна клаузула од 120 милиони евра, и тешко е за верување дека „колчонероси“ ќе прифатат помала сума од оваа бројка.