24фудбал

Не сакаат да платат 120 милиони како Гвардиола и Сити, ова е планот на Јуве за ангажман на Жоао Феликс

Тинејџерот на Бенфика, Жоао Феликс е една од желбите на „Старата дама“ за засилување на тимот, Јувентус е подготвен да плати помеѓу 60 и 70 милиони евра и да вклучи двајца играчи во зделката.

Италија

19 годишниот Жоао Феликс има одлична сезона па го привлече вниманието на најголемите клубови ширум Европа, кои редовно праќаат скаути на натпреварите на Бенфика.

Јувентус сака да го искористи присуството на Кристијано Роналдо за да го добие потписот на талентираниот Португалецот и со Жорш Мендеш веќе работат на зделката.

Откупната клаузула од 120 милиони евра е превисока, па шампионот на Италија има план како да ја убеди Бенфика. Според пишувањата на Тутоспорт, спортскиот директор, Паратичи и суперагентот стокмиле понуда со која се надеваат дека ќе успеат да стигнат до услугите на Жоао Феликс.

Весникот пренесува дека Јувентус ќе понуди помеѓу 60 и 70 милиони евра во кеш како и двајца играчи. Бенфика ќе треба да го добие дефанзивецот Рожерио, кој оваа сезона игра на позајмица во Сасуоло, и еден од младите Бандеира, Серао, Переира и Роса. За „орлите“ ќе има и процент од следниот трансфер на  Жоао Феликс.

За да се приберат тие 60-70 милиони, „Старата дама“ пак е подготвена да жртвува еден од Даглас Коста и Пауло Дибала.