24фудбал

Делио Роси повторно ќе работи со Македонци

Поранешниот тренер на Горан Пандев, Делио Роси е назначен за нов тренер на Палермо.

Италија

Несторовски и Трајковски го добија новиот тренер, тоа е Делио Роси кој работеше со Горан Пандев во Лацио.

Роси доаѓа на местото од Роберто Стелоне кој беше отпуштен синоќа по киксот против Падова.

Делио Роси по втор пат ќе биде тренер на Палермо, тој потпиша договор до крајот на сезоната со опција да биде продолжен.

До крајот има само уште четири кола, а можно е Палермо да игра и плејоф за влез во Серија А.

Навивачите на овој клуб имаат убави спомени од Делио Роси, тој им беше тренер од 2009 до 2011, ги пласираше во Лига Европа и ги одведе до финалето од Купот на Италија.