24фудбал

Нејмар објави мистериозна порака па ја избриша, дали Бразилецот најави нов рекорден трансфер?! (ФОТО)

Фудбалерот на ПСЖ на социјалните мрежи испрати мистериозна порака која за кратко време ја избриша, па многумина се запрашаа што значеше објавата на Нејмар и најавата за нов проект.

Франција

Само неколку месеци по неговата преселба во Париз за рекордни 222 милиони евра, медиумите почнаа да пишуваат дека Нејмар не е среќен, дека жали за својата одлука и дека сака што поскоро да замине од престолнината на Франција.

Како се ближи летото, името на Бразилецот се почесто е дел од трансфер шпекулациите. Тој е голем сон на Флорентино Перез, и првиот човек на Реал во Нејмар гледа нов „галактикос“ и бренд кој ќе може да го наследи Кристијано Роналдо како на спортски така и на економски план.

Таткото на Нејмар неодамна откри дека тие преговараат со ПСЖ за нов договор, но самиот играч сега крена прашина откако на социјалните мрежи испрати мистериозна порака која за кратко време ја избриша.

Напаѓачот постираше слика од себе на која не носи дрес и нипаша: „Доаѓам. Нов проект“.

Многумина оваа го протолкуваа како сигнал за можен нов рекорден трансфер. Но не се исклучува можноста ова да биде само најава за некоја рекламна кампања. Тој во постот имаше напишано и „блгадорам“ на португалски, англиски и француски.