24фудбал

Фан на Манчестер јунајтед: Сакам вечер да нѐ победи Сити, не ми е гајле и да биде со 8-0!

Дел од фановите на Манчестер јунајтед вечерва ќе навиваат за Сити, особено постарите кои живеат во Англија, причина за тоа е нивното огромно ривалство со Ливерпул.

Англија

Манчестер Сити не е најголемиот ривал на Манчестер јунајтед, тоа е Ливерпул, а ривалството трае со децении.

Иако на Манчестер јунајтед му се потребни бодовите во битката по местата кои водат во Лигата на шампионите, има фанови кои вечерва ќе навиваат против својот тим само за Ливерпул да не стане шампион на Англија.

„Навивам за Манчестер јунајтед од финалето на купот против Астон Вила во 1957 година, она што единствено го сакам вечерва е Манчестер Сити да го запре Ливерпул. Не ми е гајле ако нѐ победат и со 8-0!“, вели стар фан на Манчестер јунајтед за англиските медиуми.

„Ако Ливерпул ја освои титулата никогаш нема да престанат да го кажуваат тоа по социјалните мрежи, а тоа е нешто што не сакам да го гледам“.

Друг навивач на Јунајтед вели: „Фан сум на Манчестер јунајтед, и мразам што ќе го кажам ова, но вечерва ќе навивам за Манчестер Сити“.

„Тоа ми е од детството, одев во училиште каде имаше многу навивачи на Ливерпул и во 80тите тие доминираа, единствано не сакам повторно да ја освојат Премиерлигата“.

Но има и многу кои сметаат дека вечерва мора да се навива за Манчестер јунајтед без разлика на ситуацијата со Ливерпул.