24фудбал

Модриќ се изненадил од вестите кои ги слушнал, побарал итен состанок зо Перез и Зидан

Медиумите од Шпанија пишуваат за непријатно изненадување од Реал Мадрид за Лука Модриќ, „кралевите“ ќе го остават Хрватот без 10-та на грбот и ќе му го дадат бројот на Еден Азар

Шпанија

Лука Модриќ на личен план ја живее најубавата година по преселбата на Бернабеу. Го доби големото признание „Златната топка“ и ја прекина доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо а ги доби и сите други индивидуални награди како „Д Бест“ на ФИФА и она на УЕФА за Играч на годината.

„Кралевите“ исто така го наградија со нов побогат договор и го направија еден од најпалатените во тимот.

Но последните информации велат дека Реал Мадрид сега подготвува непријатно изненадување за Хрватот.

Еден Азар е големата желба на Зинедин Зидан, па Французинот ќе му даде се што ќе посака. Белгиецот во Челси и репрезентацијата на „ѓаволите“ игра со 10-та на грбот, па го побарал овој број и во Реал а Зизу дал ветување дека ќе му биде исполнета желбата.

Па Лука Модриќ збеснал кога разбрал за ова од директор близок до Флорентино Перез, и веднаш побарал состанок со претседателот и тренерот. Не се исклучува можноста Хрватот да замине доколку Реал му го земе бројот 10 и му го даде на Еден Азар.