24фудбал

Лацио му врати на Милан, го победи на Сан Сиро и се пласира во финалето од Купот на Италија (ВИДЕО)

Лацио е првиот финалист во Купот на Италија откако со 1-0 го победи Милан на Сан Сиро, првиот меч заврши без голови.

Италија

Мечот од Серија А го доби Милан, а тогаш по последниот свиреж имаше и трето полувреме.

Во купот пак Лацио се радуваше. Со голот на Хоакин Кореа во второто полувреме победија со 1-0.

Лацио беше подобар противник, создаде поголем број на шанси и сосема заслужено се радува на триумфот.

Во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта, првиот меч заврши 3-3.