24фудбал

Тимот на годината во Премиерлигата е составен од играчи на Сити и Ливерпул и само еден од Јунајтед (ФОТО)

Манчестер Сити има дури шест фудбалери во тимот на годината, Ливерпул има четворица, а еден од Манчестер јунајтед.

Англија

Манчестер Сити и Ливерпул се двата тима кои се борат за трофејот во Премиерлигата, а речиси цел тим на сезоната е составен од нивни фудбалери. 

Пол Погба е единствениот кој не е дел од Сити или Ливерпул. 

Голман е Едерсон (Манчестер Сити), во одбраната се Робертсон (Ливерпул), Лапорт (Манчестер Сити), Ван Дајк (Ливерпул), Александер Арнолд (Ливерпул. Во средниот ред Погба (Манчестер јунајтед), Фернандињо (Манчестер Сити) и Бернанрдо Силва (Манчестер Сити). Напаѓачкото трио го сочинуваат Мане (Ливерпул), Агуеро (Манчестер Сити) и Стерлинг (Манчестер Сити).