24фудбал

Клоп излезе со коментар за дербито на Олд Трафорд и испрати охрабрувачка порака до фановите на Ливерпул

Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп вели дека ја очекувал синоќешната победа на Манчестер Сити, вели дека овој Манчестер јунајтед не може да му се спротивстави на градскиот ривал.

Англија

„Ѓраѓаните“ направија голем исчекор кон одбрана на титулата откако вчера триумфираа на Олд Трафорд со 0-2 против лутиот градски ривал.

Ливерпул чекаше услуга и се надеваше дека Манчестер јунајтед ќе може да го запре тимот на Пеп Гвардиола, па Јирген Клоп попладнево даде свој коментар за дербито.

„Тоа беше резултатот кој го очекував. Јунајтед се обиде колку што можеше, особено во првото полувреме. Но јасно е дека овој тим на Јунајтед не може да му се спротивстави на Сити во 95 минути. Можеби среќата не ги посака во одредени моменти, но тое не можеа да му се спротивстават на Сити“ – вели Германецот.

По победата над Манчестер јунајтед, Пеп Гвардиола истакна дека титулата ја заслужуваат и Манчестер Сити и Ливерпул. 

„Да, но тоа нема да се случи. Има уште три меча до крајот, сакаме да победиме на сите. Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон. Доколку победиме, победиме. Доколку не победиме, нема да жалиме се додека знаеме дека сме дале се од себе“.

„Без разлика како ќе заврши сезоната, ове е само првиот чекор. Не сме готов производ. Ќе продолжиме да се развиваме и ќе видиме што ќе се случи во иднина“.

„Заедно сме повеќе од три ипол години. Играчите се во перфектни години, има многу простор за подорување“.