24фудбал

Одговорот на Клоп дали има совет за Солскјер е брутален! (ВИДЕО)

Јирген Клоп на денешната прес конференција беше замолен да даде совет за Оле Гунар Солскјер, Германецот одговори во свој стил и добро ги насмеа сите присутни.

Англија

Оле Гунар Сослкјер мака мачи на Олд Трафорд во последните месец дена, има седум порази на девет меча, па новинар од Норвешка побара совет од Јирген Клоп.

Со оглед на тоа дека и Клоп седна на кормилото на Ливерпул сред сезона, Германецот беше запрашан која е тајната за неговиот успех, а тренерот на „црвените“ уште еднаш ја покажа својата харизма и ги насмеа сите со својот одговор.

„Ме прашуваш како ми успеа? Тие не ни помогнаа на нас, па зошто ние да им помогнеме сега? Оле и Манчестер јунајтед ќе треба сами да го најдат одговорот на ова“ – рече Клоп со насмевка на лицето.

„Потребно им е време. Така функционираат работите. И мене ми требаше време, на сите им треба време. Ниту јас, ниту пак некој друг може да прави чуда. Ова е прилично конкурентно првенство“.

„И за мене не беа кажувани многу позитивни работи кога дојдов, веројатно ми помогна тоа што имавме интересна авантура во Лига Европа“.

„Оле треба само да го дава максимумот секој ден. Исто така, мислам дека финансиската моќ на Манчестер јунајтед е доволно голема за да се решат проблемите.

Моментот од разговорот со новинарот од Норвешка можете да го видиме на 15 минути и 15 секунди од видеото.