24фудбал

Две екипи од Серија А се најзагреани за услугите на Несторовски

Македонецот и да не успее да избори место во Серија А со својата екипа, би можел повторно да биде дел од елитниот италијански фудбалски шампионат од каде доаѓа голем интерес за неговите услуги.

Македонија

Капитенот на Палермо, како и македонски репрезентативец, Илија Несторовски би можел по крајот на актуелната сезона да ги напушти редовите на Сицилијанците, за него има сериозен интерес од два клуба во Серија А.

Според информациите кои ги објави „seriebnews.com“, се вели дека за 29 годишниот напаѓач има сериозен интерес од Џенова и Сасуоло, за првата опција Несторовски би можел да игра во друштво на Пандев, а за втората, Сасуоло бара алтернатива за Бабакар во нападот.

Несторовски неколку пати истакна дека е среќен во редовите на Палермо и дека сака да остане во таа екипа со која има важечки договор до 2021. година, сезонава Прилепчанецот постигна 12 гола во Серија Б, каде неговата екипа заостанува три бода зад второпласираниот Лече, екипа од која има и меч помалку, за позицијата која води директно во Серија А, не е далеку ниту Бреша која има шест бода предност.