24фудбал

Многу му збореше устата пред неколку години, Ајакс со урнебесна казна за најновото засилување (ВИДЕО)

Клубот од Амстердам потпиша со 19 годишниот Кјел Шерпен, кој веднаш доби урнебесна казна поради тоа што пред неколку години го критикуваше Ајакс.

Останато

Фудбалските патишта се чудни, секој треба да внимава што кажува зошто не знае што носи иднината. Последниот пример е тинејџерот на Емен, Кјел Шерпен. 19 годишниот голман потпиша за Ајакс и се обврза во следните четири години.

Но фановите не заборавија што тој зборуваше пред неколку години, кога го критикуваше Ајакс и се фалеше дека е голем фан на лутиот ривал Феенорд.

Па гигантот од Амстердам реши да го казни на урнебесен начин. Тој требаше 100 пати да напише „Ајакс е најдобриот клуб во Холандија“ под будното око на директорите Едвин ван дер Сар и Марк Овермарс.