24фудбал

Јаховиќ може да му ги расипе плановите на Галатасарај во битката за титулата во Турција

Не се познати причините зошто искусниот напаѓач беше изоставен од составот за претходната пресметка во ремито кај Анкарагучу, од Турција известуваат дека таквата одлука ја дочекал професионално и од трибините ги бодрел своите соиграчи.

Македонија

Коњаспор нема речиси никакви амбиции во завршниот дел од сезоната во турската Суперлига, каде моментално се наоѓа на средина од табелата на пет кола до крајот на првенството.

Во понеделник, екипата во која настапуваат нашите интернационалци Жута и Јаховиќ на домашен терен го пречекува Галатасарај кој има големи мотиви за победа во битката за титулата со Истанбул Башакшехир.

„Анадолудабугин“ извести дека се уште се нејасни причините зошто Ајкут Коџаман го изостави 32 годишниот Јаховиќ од претходниот меч на екипата, па мораше истиот да го проследи од трибините, но, истиот медиум додава дека Македонецот се враќа во стројот во почетниот состав на дуелот со Галатасарај во понеделник.

И покрај тоа што немаше никаква повреда, а беше изоставен, Јаховиќ кој беше доста изненаден од одлуката на Коџаман, работеше напорно на тренинзите, покажа големи амбиции претходно, а воедно ќе стартува на мечот против Галатасарај“ - пишува турскиот медиум.

Јаховиќ сезонава постигна шест погодоци на 23 натпревари, а во нападот на Коњаспор има голема конкуренција во Шахинер, како и Јатабаре и Фофана.