24фудбал

Да се игра во Серија А за Лукаку е остварување на неговите соништа

Белгиецот не крие дека имал можност да го облече дресот на Старата дама претходно, но, објасни дека нешто не го убедило за да ја прифати таа опција, признава дека играњето во Серија А за него е сон.

Италија

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку во отворена изјава за јавноста призна дека за него остварување на соништата е да се игра во Серија А.

Јувентус и Интер се екипите кои се поврзуваат со белгискиот напаѓач изминативе неколку седмици, а 29 годишниот напаѓач тврди дека имал можност да го облече дресот на Старата дама.

Кога си заминав од Челси имав можност да отидам во Јувентус“ рече Лукаку за Скај Спорт Италија.

Не знам зошто, но, едноставно таа опција не ја почувствував како добредојдена во тие моменти, нешто не ме убеди, веќе наредниот ден Конте го напушти Јувентус“ додава Белгиецот.

Серија А е сон, навистина би можело да биде сон, се надевам дека би играл таму во некој период, сега сум фокусиран на Манчестер јунајтед и да ги оствариме амбициите за да се пласираме помеѓу четирите најдобри екипи во Премиерлигата“ посочи Лукаку.