24фудбал

Манчестер јунајтед ќе му плати на Алексис Санчез за да си оди од Олд Трафорд?!

„Ѓаволите“ би можеле да го искешираат Алексис Санчез за Чилеанецот да си ги спакува куферите и летоска да го напушти Олд Трафорд.

Англија

Манчестер јунајтед по крајот на сезоната ќе прави реконструкција на тимот и се очекува неколку играчи да си заминат. Еден од нив треба да е Алексис Санчез, кој е непрепознатлив по трансферот од Арсенал.

Но проблем е тоа што Чилеанецот има огромни примања, кои изнесуваат и до 500.000 фунти кога ќе се земат во предвид платата и сите бонуси и премии.

Малку се клубовите кои можат да си дозволат ваква бројка па Манчестер јунајтед веројатно ќе треба да му плати за да си ги спакува куферите летоска.

„Има неколку играчи на кои ќе треба да им се плати за да го напуштат клубот“ – вели извор од Олд Трафорд за „Сан“. „Нема да биде ефтино, но Манчестер јунајтед веќе креира фонд за ваква намена“.

Во меѓувреме, од Италија пристигнува вест дека Интер е подготвен да го ангажира Алексис Санчез, но по еден услов, Чилеанецот ќе треба да прифати помала плата.

Со оглед на сегашните примања на напаѓачот (во милиони на годишно ниво таа изнесува 30 милиони евра), а најплатен на Џузепе Меаца е Мауро Икарди со плата од околу 7 милиони евра, Алексис Санчез ќе треба да се откаже од 75% од примањаа за да се вклопи во буџетот на Интер.