24фудбал

Одреден е терминот за финалето од Купот на Македонија

Од куќата на фудбалот во нашата земја и официјално го објавија терминот на одигрувањето на финалната пресметка во националниот куп каде битка на теренот ќе водат Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.

Македонија

Финалната битка за куп трофејот оваа сезона во македонскиот фудбалски шампионат ќе ја водат Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев, а од куќата на фудбалот во нашата земја веќе известија и за терминот на одигрување на таа пресметка.

Од ФФМ објавија дека финалето ќе се одигра на 22 мај на Националната ареа „Тодор Проески“ со почеток од 18,30 часот, инаку денот кога ќе се одигра финалната пресметка е среда.

Македонија Ѓорче Петров ќе игра трето финале во Купот, а Академија Пандев пак дебитира во завршницата од ова натпреварување против ривал кој го има и подигнато пехарот, по финалето против Шкендија кое во 2006. година го доби со 3-2.