24фудбал

Си тераат мајтап со Манчестер јунајтед за голот на Сане, а што ќе кажете за итрината на Агуеро во таа ситуација? (ВИДЕО)

Голот на Сане и за начинот на кој му претходеше акцијата на истиот, како и реакцијата на одбраната на Црвените ѓаволи доволно говори за разликата во квалитет, но, од друга страна, веројатно најголемиот аплауз треба да го собере Агуеро за таа ситуација.

Англија

Манчестер Сити синоќа покажа и докажа дека е неколку класи над својот градски ривал Манчестер јунајтед, ако во минатото беше поинаку, самиот Гвардиола посочи дека Олд Трафорд повеќе не е застрашувачки за Граѓаните, констатација што се покажа како точна и синоќа.

Бранителот на титулата во Премиерлигата се „прошета“ на Олд Трафорд и стигна до победа од 0-2, со која повторно се искачи на врвот на табелата, со бод предност од Ливерпул на три кола до крајот.

Многу загрижени лица во Манчестер јунајтед, посебно кај навивачите на тој клуб, а за момент на социјалните мрежи бура од потсмев на сметка на таа екипа, особено за вториот гол, дело на Лерој Сане.

Некои се пошегуваа дека одбраната на тимот од Олд Трафорд играла во револуционерна формација од 1-1-1-1-3-3, но, има и една друга страна со која се покажува перфекцијата во играта на Сити, особено во интелегенцијата на Серхио Агуеро кој очигледно имаше идеја што тешко беше да се разбере кај дефанзивците на домаќините.

Стерлинг тргна од своја половина, добро повлече, на себе привлече еден дефанзивец, а Агуеро доста итро влегуваше кон опасната зона, Аргентинецот ги привлече останатите двајца дефанзивци на домаќините, со што се остави огромен простор на спротивната страна за Сане, Германецот тоа го искористи, но, дефинитивно аплаузите ги собра Агуеро...