24фудбал

Молеа за него, а на лето ќе се „откачат“ од него

Маурицио Сари во него гледаше големо засилување и постојано апелираше до управата на клубот да му овозможи да го доведе во својот тим напаѓачот со кого имаше одлична соработка претходно во Наполи.

Англија

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека Челси нема намера да го задржи Гонзало Игуаин во своите редови, аргентинскиот напаѓач настапува како позајмен од редовите на Јувентус, а  Старата дама би можела да го искористи како „мамец“ за Мауро Икарди.

Тутомеркатовеб тврди дека Челси не е задоволен од перформансите кои ги прикажа искусниот аргентински напаѓач по преселбата во Лондон во јануари, па иако има опција да го откупи неговиот договор, тоа Челси наводно не ни помислува да го стори на лето.

Дури и во ситуација кога Челси е под суспензија за трансфери, и да не е во таков статус, се шпекулира дека во Лондон нема расположение да се задржи Игуаин, кој постигна само четири погодоци на 14 настапи досега.

Веројатно Игуаин би можел да биде добра солуција на Јувентус во преговорите со Интер за ангажман на Мауро Икарди на лето, но, Тутомеркатовеб пак на оваа тема додава дека Нероаѕурите немаат интерес за 31 годишниот напаѓач, тие веќе одбија таква опција ланското лето, кога Старата дама го вклучи во понудата вредна 55 милиони евра.