24фудбал

Реал Мадрид тргнува по Санчо, Борусија Дортмунд ја одреди цената

Младиот Англичанец подолг период се поврзува со повеќе европски гиганти, а Реал Мадрид според пишувањата на Билд веќе пријавил сериозен интерес за неговите услуги, Бундеслигашот веќе ја одредил цената со која би се согласил на негова продажба.

Шпанија

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на младата ѕвезда од Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, за кого има голем интерес во пресрет на летниот преоден рок.

Билд пишува дека Реал Мадрид го таргетирал 19 годишниот англиски офанзивец, а во него гледа одлична и пред сереална опција, откако извесно е дека Килијан Мбапе е речиси невозможна мисија за Кралевите.

Германскиот весник додава дека Борусија Дортмунд при евентуална продажба на својот фудбалер добро би заработила, откако веќе ја одредила цената за неговите услуги која изнесува фантастични 180 милиони евра.

Санчо се приклучи на Милионерите во летото 2017. година, пристигна од редовите на Манчестер Сити за само 9 милиони евра, од тогаш, па наваму, со своите одлични перформанси го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, а подолг период се шпекулира дека би можел да се врати на Островот.