24фудбал

„Луѓето доаѓаат да гледаат како дриблам, ако сакаат да гледаат како некој клоца и удира ќе одат на ММА или бокс“

Во досегашната кариера Нејмар покрај фудбалските вештини, си го залепи и епитетот на глумец. Бразилецот знае често да одглуми фаул или да преувеличува некој не толку опасен удар.

Јужна Америка

Иако тој самиот си го наметна тој епитет со однесувањето на теренот, се лути кога некој ќе го нарече глумец. Во многу од интервјуата неизбежно му се поставува и тоа прашање.

„Луѓето повеќе ги преферираат оние кои удираат отколку оние кои дриблаат. Мојот начин на игра е познат. Ја зимам топката и одам да нападнам. Мојот најголем квалитет отсекогаш бил дриблингот. Не ми е пријатно поради таквите критики. Тешко е да им објасниш на луѓето. Тие го критизираат мојот стил на игра, но мојот стил на игра е оној кој ги привлекува луѓето на стадион. Никој не сака да гледа удари. Доколку го сакаа тоа ќе одеа да гледаат ММА или бокс. Го сакам мојот фудбал и ќе продолжам да го играм така“, вели Нејмар.

Тој не може да разбере зошто го викаат глумец.

„Сите ме викаат глумец. По седум месеци заработив иста повреда обидувајќи се да останам на нозе. И после се чудат зошто не сум паднал. Кога се движам добивам многу удари, кога ќе паднам зошто сум паднал и обратно. Комплицирано е“.